Лани „сокол“, годинава „штрк“: Мавра слета во МЗТ Скопје

212

Доминик Мавр, хрватскиот интернационалец кој македонската јавност го запозна преку настапите минатата сезона во Карпош Соколи, ќе го гледаме повторно во нашата држава.

Организаторот на играта денес потпиша договор со шесткратниот македонски првак МЗТ Скопје на кого сезонава не му цветаат рози.

Станува збор за кошаркар кој игра на двете бековски позиции, а кој сезоната ја почна во дресот на шпански Хувентуд, со кој исто така денеска ја прекина соработката. За Мавра ова е враќање во градот каде што настапуваше минатата сезона, со оглед што беше член на тимот на Карпош Соколи. Тој во дресот на „соколите“ настапи на 19 средби во АБА-лигата со просек од 9,2 поени и 3,7 асистенции.

Пристугнувањето на Мавра се очекува утре, а ако сѐ биде како што треба, Мавра ќе дебитира во „сино-белиот“ дрес на неделниот дуел против Мега Бемакс во рамки на 7. коло од АБА-лигата.