Лалиќ пред Задар: Меч за пресвртница на МЗТ Скопје

274

Последниот меч во 2017 година, македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра утре против Задар во рамките на 14. коло од АБА Лигата. Од таборот на нашиот тим се свесни за моменталната ситуација иако потајно се надеваат на конечен успех.

„Формата на Задар е во нагорна линија, играат одлично во последните пет-шест кола, а згора на тоа играат на домашен терен. Ќе биде тежок натпревар, со оглед што пак имаме проблеми со повредите во надворешната линија. Но, ќе мора да дадеме сѐ од себе и да пробаме да триумфираме, што би било своевидна пресвртница за нашиот клуб“, изјави центарот Јуре Лалиќ.

Згора на тоа, во „сино-белиот“ тим ќе го нема Марко Симоновски, додека крајно неизвесен е настапот на Дарко Соколов. Никола Павличевиќ веќе е минато на зашиот состав, додека младиот Андреј Настоски нема право на настап во регионалното натпреварување.