Лазаров ја „грабна“ последната МВП награда за 2016 година

644

Македонскиот ракометар и капитен на нашата репрезентација Кире Лазаров се закити со наградата на ЕХФ за најдобар ракометар за месец декември.

Ова е прва ваква награда за Лазаров од страна на ЕХФ. Во гласањето е повеќе дописници на ЕХФ од различни земји кои најмногу гласови му дадоа на нашиот капитен.

Иако Лазаров припаѓа на самиот врв ракометари во Европа, сепак оваа наградата има особена тежина за него.

„Ова е голема чест за мене, да бидам избран за најдобар играч на месецот, пред се затоа што е ова прва ваква награда за мене во кариерата“, изјави Лазаров, додавајќи:

„Со оглед на бројните врвни ракометари кои се дел од европските натпреварувања, дефинитивно не е лесно да се доје до вакво признание и јас сум исклучително задоволен. Им благодарам на сите кои гласаа за мене“, додаде капитенот на Македонија.

Лазаров не испушти да прокоментира и за нашата репрезентација која ја очекува настап на Светското првенство во Франција.

„Нашиот тим е помлад од било кога претходно. Под водство на новиот селектор Лино Червар ние минуваме низ една транзиција, па поради тоа можеби очекувањата од Франција и не се толку големи во моментов, но во спортот никогаш не се знае“.