Лазаров: Среќен сум, Македонија игра квалитетен и модерен ракомет

2092

Дека Кире Лазаров е предводник на македонската ракометна репрезентација, се докажа и вечерва на дело, каде тој им даде 11 голови на Чесите, кои го доживеаа еден од најтешките порази против Македонија (33:20).

Македонија со оваа победа го завери пласманот на ЕП во Хрватска, и на најдобар можен начин ја поздрави нацијата за целата поддршка која ја добиваат.

Лазаров вечерва имаше само едно промашување, а останатите 11 успешно ги реализираше и беше прв стрелец во победата на нашата репрезентација.

По победата над Чешка, тој истакна: „Одигравме еден од најквалитетните натпревари, воопшто не победивме слаба репрезентација. Она што ме радува најмногу, е играта на младите ракометари. Задоволни сме од ова, и на одличен начин ја завршуваме сезоната. Македонија игра квалитетен и модерен ракомет. Среќен сум за сите нас, ова е заслуга на сите ракометари. За Хрватска е се уште рано да размислуваме“, истакна Лазаров.