Лазаров со успешно деби за Нант во француското првенство

982

Oткако пред некој ден го освоија првиот трофеј во сезоната, ракометниот клуб Нант, каде од оваа сезона настапува и македонскиот интернационалец Кире Лазаров, вчера ја запиша првата победа во француското првенство.

Нант убедливо славеше нагости кај тимот на Маси со резултат 28:22. Кире Лазаров имаше солиден придонес за својата екипа во првиот официјален настап во француското првенство, постигнувајки 5 голови.

Победата на Нант не беше доведена во прашање во ниту еден момент од натпреварот, бидејки имаа постојано нагласена иницијатива и предност од неколку голови.