Лазаров поуспешен од Борко, Нант ја „реши“ Барса

1078

Нант излезе како победник во “македонското” дерби од Лигата на шампионите совладувајќи ја Барселона со 29:25 на домашен терен.

Лазаров беше поуспешен од својот голем пријател Борко Ристовски иако натпреварот го заврши со само еден постигнат гол. Нант водеше во поголемиот дел од натпреварот, но клучната предност ја направи пред истекот на првото полувреме кога постигна шест гола во низа за 16:10, а Барса десет минути беше без реализиран погодок.

Херој на натпреварот беше домашниот голман Думулан кој оствари неверојатни 20 одбрани. Пет гола постигна Балегер, а по четири Лагард и Емене. Кај Барса, со пет гола зарши Дика Мем.