Лазаров повторно меѓу елитата во новиот избор на ЕХФ

770

Несомнено Кире Лазаров е еден од најдобрите играчи во Европа во денешницата, а ЕХФ со најновиот избор, повторно го рангира нашиот капитен меѓу најдобрите.

Неговите бројки доволно покажуваат за каков калибар на играч станува збор. Тој е избран за еден од најдобрите во 3. и 4. квалификациско коло за ЕП во Хрватска идната година.

На мечот против Исланд, Кире Лазаров беше најдобар бомбардер кај нашите ракометари, вкупно постигнувајки 11 голови, додека на реваншот во Рејкјавик, каде што загубивме, постигна 8 погодоци.

Освен Лазаров, во изборот на ЕХФ се уште и голманот на Франција, Тиери Омејер, Уве Генсхајмер од Германија, Сандер Сагосен од Норвешка, Феран Соле од Шпанија, Вуко Борозан од Црна Гора и Сењамин Буриќ од БиХ.