Лазаров на враќањето во Барселона, ја доби наградата од АСОБАЛ

741

Ракометарите на Барселона вчера во рамките на 4. коло во ракометната ЛШ, остварија нова победа против тимот на Нант, каде од сезонава настапува и нивниот поранешен играч, Кире Лазаров.

Македонскиот ракометар имаше незаборавни моменти и многу трофеи во шпанската АСОБАЛ лига со Барселона, и сигурно дека играњето против неговиот некогашен клуб беше со набиени емоции.

Исто така, посетата на Нант и Лазаров, одлично се поклопи за Лазаров да ја добие плакетата за еден од најдобрите седум играчи за претходната сезона 2016/17 во АСОБАЛ.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација беше избран во идеалниот тим на АСОБАЛ првенството.