Лазаров и официјално член на Бешикташ

389

Филип Лазаров од денеска и официјално е дел од екипата на Бешикташ. Тој по две и пол месечната авантура во тимот на Пелистер одлучи да ја напушти земјава.

Во редовите на турскиот тим Лазаров повторно ќе биде тимски колега со Немања Прибак со кого заедно ги бранеа своевремено боите на РК Вардар.

Бешикташ се натпреварува во Лигата на шампиони, што секако за Лазаров беше мотив плус да ја прифати понудата.