Лазаров за последен пат во дресот на Барселона: Бомбардерот ги доби сите почести (Видео)

10230

Се одигра последното коло од ракометната АСОБАЛ лига во Шпанија, каде Барселона победи против тимот на Хуеска со 30:29, а Кире Лазаров доби последни овации од Каталонците.

По четири одиграни сезони во дресот на Барселона, пред Кире Лазаров е нов предизвик, тој од следната сезона ќе игра во француското првенство, за екипата на Нант.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација денеска ги доби сите почести од клубот и од навивачите.