Лазаров втор стрелец во својот тим, Нант за малку го „испушти“ ПСЖ

817

Екипата на Нант пропушти голема шанса да слави во првото овосезонско дерби против ПСЖ.

На домашен терен тимот на нашиот Кире Лазаров одигра 27:27 иако на три минути пред крајот имаше предност од еден гол. Реми и Сагосен го вратија ПСЖ во предност на 51 секунда пред крајот, но Турна израмни на 27:27. Ремили во последниот напад не успеа да му донесе победа на ПСЖ.

Нашиот Кире Лазаров одигра уште еден одличен натпревар. Со пет гола од седум обиди тој беше втор стрелец во својот тим, веднаш зад Турна кој постигна осум. Исто толку имаше и Ремили во тимот на ПСЖ.