Лазаров во боите на Нант: Верувам во овој клуб и во моите нови соиграчи!

857

Нант денеска и официјално го промовираше Кирил Лазаров во ново засилување на клубот.

Македонскиот интернационалец по авантурата со Барселона, реши дека е време за нов предизвик, и следниот чекор ќе го направи со Нант, екипа која според него има сериозен и амбициозен проект за иднината.

Уште пред да биде завршена минатата сезона, веќе се знаеше дека Лазаров ќе премине во Нант, еден од најамбициозните колективи во Европа.

Македонскиот капитен денеска за официјалниот сајт на Нант, истакна дека му е задоволство што доаѓа да игра за француската екипа.

Нант е екипа која расте од година в година, тие напредуваат секоја година. Кога го одбирав мојот следен клуб, знаев дека тоа мора да биде клуб кој ќе игра во ЛШ. Со нетрпение очекувам да започнам со подготовките за новата сезона, и да настапувам за Нант во ЛШ и домашното првенство“, истакна Кире Лазаров.