Лавовите од „Лихнидос“ истрчаа за поддршка за децата со посебни потреби

446

Првото издание на манифестацијата „Охрид Трчат”, предизвика огромно внимание и кај туристите и кај жителите на Охрид.

Оваа манифестацијата која е од спортско-туристички карактер, помина во најдобар ред и е своевидна нова атракција за Охрид која организаторите ќе настојуваат да прерасне во традиција.

Туристичките атракции беа претворени во патека, вклучувајќи го тука и стариот дел од градот како и и кејот на Охридското езеро.

Покрај големиот број на локални учесници имаше и учесници од повеќе европски држави како и повеќе градови од Македонија. Над 400 луѓе од секаков профил учествуваа во денешната трка, меѓу нив и Лајонс Клуб Лихнидос кој своето работење го посветува на ранливите категории на граѓани.

Со оваа иницијатива Клубот дава пример за сите хуманитарни организации во иднина да земат учество во манифестации од јавен карактер.

„Денес Лајонс Клуб Лихнидос на овој спортски хепенинг трчаше за најранливите категории кои многу често се игнорираат. Во овој случај беше за Дневниот детски центар „Зраци“ и децата со посебни потреби. Не можеме да го спасиме светот, ама помагаме колку можеме. Заедно и симболично со дечињата ги истрчавме првите 20 метри. Нашиот Клуб, заедно со дечињата, родителите и вработените, собравме пристојна екипа за трката. Дечињата на почеток се срамеа, беа изненадени од големиот број присутни. Охрид како ретко кога изгледаше европски. Времето беше убаво, убавата и лежерна атмосфера како ретко кога, направи децата да се чувствуваат како да се центар на светот. Ваквите јавни настани се одлични за поддршка на ранливите категории граѓани и маргинализирани групи.. Најмногу им е потребно отворено срце, насмевка и подадена рака од општеството. Светот има добри луѓе само јавноста треба да биде подобро запознаена со предизвиците со кои се соочуваат овие категории на луѓе.“– изјави претседателот на Лајонс клубот „Лихнидос“ проф. Д-р Зоран Тунтев.

Со оваа иницијатива Клубот дава пример за сите хуманитарни организации во иднина да земат учество во манифестации од јавен карактер со цел поголема инклузија на ранливите групи граѓани во активностите и иницјативите кои се организираат околу нив.

loading...