Кутињо во Барса, во јануари или никогаш: Бразилецот преговара и со Реал и со ПСЖ!?

899

Работите се појасни околу судбината на Бразилецот, бидејќи се откриени намерите на вмешаните клубови, но и самиот играч.

Каталонскиот спортски весник „Мундо Депортиво“ повторно во центарот на вниманието ја враќа ситуацијата со Филипе Кутињо, а на својата насловна страница денеска напиша – „Сега или никогаш!“.

Со други зборови, или Барселона ќеќ го доведе Кутињо во јанаури, или засекогаш ќе ја загуби битката.

Причината е јасна. Во однос на летниот преоден рок, кога „Редси“ бараа 200 милиони евра со цел да ги одбијат Каталонците, сега се подготвени да го пуштат Бразилецот за 150 милиони евра, но таа понуда важи само за овој преоден рок.

По ова, Барселона ќе излезе од игра, од најмалку три причини.

Првата е дека Ливерпул ќе го чека Мундијалот и повторно ќе ја подигне цената за Кутињо.

Втората причина е малку позната. Имено, браќата на Кутињо кои се негови менаџери, преговараат и со Реал Мадрид, каде би добиле поголема провизија, но Мадриѓаните се подготвени да му понудат поголема плата и на самиот играч. Барса може да плати околу 12 милиони евра по сезона, евентуално да додаде уште некој бонус, а Реал кој ќе се ослободи од платата на Бејл, а веројатно и од Бензема, ќе биде во предност да му понуди повеќе.

Третата причина е ПСЖ. „Светците“ и понатаму го убедуваат Кутињо преку неговиот пријател и соиграч од репрезентацијата Нејмар. Тие можат да понудат поголема плата и од двата шпански гиганти, а новите спонзорски договори и чистката во тимот во јануари и јуни ќе им овозможат да го платат Мбапе и да го доведат Бразилецот од Ливерпул.

„Мундо Депортиво“ од друга страна додава дека Бразилецот е веќе договорен со Барселона, односно дека неговиот договор од летоска со каталонската гордост останува и понатаму, па сега е на Барса да го убеди Ливерпул да и го продаде во јануари. Во една ваква ситуација, кога и Реал и ПСЖ се заинтересирани за Бразилецот, а Ливерпул игра во осминафиналето од Лигата на шампионите, тешко ќе се реализира замислата на Каталонците.

Во оваа ситуација, Барселона оптоварена со неверојатниот договор на Меси и платите на останатите играчи кои го пробиваат буџетот, тешко дека ќе имаат шанса. Поради тоа, навистина, Кутињо во Барса ќе дојде или во јануари или никогаш.