Куман предупреди да не му се верува на Раиола: Евертон извиси во 5 до 12?!

3851

Мино Раиола имаше милозвучен речник. Истакна дека Ромелу Лукаку 99,99% ќе го продолжи договорот со Евертон. Тренерот на „Карамелите“, Роналд Куман остана воздржан:

„Не им верувам на менаџерите“

И се чини беше во право. Можеше да стане најскапиот напаѓач во историјата на клубот но Лукаку одлучи да го одбие новиот договор на Гудисон.

Веста која ги загрижи сите навивачи, бидејќи без 23-годишниот репрезентативец на Белгија тоа не е истиот тим. Свесна за тоа е и управата на клубот која инсистираше на клаузула во обештетата од 90 милиони фунти, односно 103 милиони евра. Лукаку не е глупав, знаеше дека ако тоа го потпише уште долго ќе игра во Евертон. А прашање е се уште дали Евертон ќе игра во ЛШ.

Токму тоа го натера Лукаку да се предомисли и како што наведуваат белгиските и англиски медиуми, денес управата на клубот информира дека нема тој да го продолжи својот престој во Ливерпул иако му е понудена плата од 110.000 евра неделно.

За Белгиецот најмногу се споменуваа како заинтересирани страни, Манчестер Јунајтед и Челси. Но, и на двете места би бил резервна опција. Јунајтед повеќе го посакува Гризман, а Конте, Мората.