Куманово загуби во првиот дуел од новата сезона во БИБЛ

332

Кошаркарите на Куманово не ја стартуваа посакувано новата сезона во БИБЛ лигата. Ланскиот финалист во ова натпреварување во 1.коло му гостуваше на бугарски Левски и беше поразен со 85-78.

Натпреварот беше изедначен, двете репрезентации повремено беа во водство, но ниту една не се одвои со поголема разлика. Првото полувреме го добија домаќините кои на пауза заминаа со предност од само еден поен(45:44).

По враќањето на паркетот Левски се одвои на преност од осум поени, но Куманово во последната четвртина повторно се врати на негатива од минус еден.

Потоа следуваше пад на играта кај македонскиот клуб, кој не успеа да постигне кош две и пол минути, а со таква лоша неефикасност  поразот беше неминовен.

Следниот меч Куманово го игра пред својата публика кога му доаѓа екипата на Ибар.