Куманово вечерва ќе се тресе – „Кумани“ се враќаат на трибина, гостин разнишаниот МЗТ Скопје

311

Вечерва во последниот натпревар од 5. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија, силите ќе ги одмерат Куманово и МЗТ Скопје. Мечот на програмата е од 17:30 часот, а двата клуба влегуваат со доста промени.

Куманово доби нов претседател во името на Младен Давидовиќ, со што е исполнет ултиматумот на навиачката група „Кумани“ која бараше промена на оваа позиција. Најавена е голема посета од најверните навивачи на клубот, а управата се реше за слободен влез на овој меч.

Гостин од друга страна им е разнишаниот МЗТ Скопје кој изминатите денови направи речиси комплетен ремонт на клубот, едни отпушташе, а други ангажираше, па останува да видиме новите имиња во какво светло ќе се покажат.