Кузмановски: Ги одбив другите понуди, Металург е најдобрата опција за мојата кариера

855

Mакедонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, го продолжи договорот со вицепрвакот Металург и станува нов капитен на екипата.

Младиот ракометар изрази задоволство што ќе остане во Автокоманда во следните две сезони.

„Среќен сум во Металург и тоа беше пресудно да решам да останам во Автокоманда и да го продолжам догорворот. Сега сум капитен на Металург и ќе имам уште поголема одговорност. Имав неколку понуди да заминам во друг клуб, но мислам дека ја одбрав најдобрата и донесов најправилната одлука за напредок во мојата кариера.“, изјави Кузмановски.