Круна на победата против Крка: Карпош Соколи повторно има играч во тимот на колото во АБА

661

Карпош Соколи е едно од попријатните изненадувања во АБА лигата последните недели, а како резултат на победите, дојдоа и неколку индивидуални награди.

Во идеалната постава на 14. коло се најде хрватскиот крилен играч Зоран Вркиќ, еден од најдобрите во убедливата победа против Крка остварена вчера. За 35 минути на теренот, Вркиќ постигна 19 поени (6/6 за два, 1/2 за три, 4/5 од линијата за слободни фрлања), плус шест скока, три асистенции, три украдени топки и четири претрпени фаули за вкупен индекс 29. Ова е вторпат Вркиќ да биде дел од најдобрата петорка во едно коло оваа сезона во АБА лигата откако тоа му успеа и во 11. круг.

Инаку, играч на колото е Драган Апиќ од ФМп со индекс 34, а во идеалната петорка се уште: Влатко Чанчар од Мега Лекс (32), Филип Човиќ од ФМП (32) и Никола Јанковиќ од Унион Олимпија (28).