Креспо го откри „мрачното“ минато: Кога бев млад, учествував во многу оргии

1574

Легендарниот аргентински напаѓач Ернан Креспо се присети на младоста која во неговиот случај била особено луда.

Додека играше за Ривер Плата, Парма, Лацио, Интер, Челси и Милан, голгетерот живеел прилично бурен живот.

“Кога бев млад учествував во многу оргии во кои, се разбира, имаше повеќе жени. Бев самец, богат и признат фудбалер и таквиот мој живот траеше до 27. година. Мислам дека тоа е нормално. Не сум горд, но тоа беше може животно искуство. Штом ја запознав сегашната сопруга, престанав со оргиите. Денес воопшто не ми недостасуваат”, призна Креспо.