Крај на сите шпекулации: Борозан нема да игра на ЕП, но проблеми ќе има и Вардар

1270

Најдобриот црногорски ракометар Вуко Борозан дефинитивно нема да игра на Европското првенство во Хрватска иако некои медиуми во регионот објавија дека тој има специјален “дил” со селекторот Драган Ѓукиќ.

Но, тука не е крај на приказната. Ѓукиќ тврди дека проблеми од оваа ситуација ќе има и Вардар затоа што ќе го нема младиот бек на располагање пред продолжението од настапите во Лигата на шампионите.

“Повредата кај Бороза е таква што тој нема да може да тренира и игра до средината на февруари. Вети само дека ќе дојде да се поздрави со соиграчите од репрезентацијата пред патот во Хрватска”, изјави Ѓукиќ.

Борозан се повреди во сообраќајна несреќа пред новогодишните празници. Неговото неиграње е голема предност за Македонија која е во група со Црна Гора на Европското првенство. Првиот натпревар во Лигата на шампионите по паузата Вардар го игра на 7 февруари на гости кај Барселона.