Крај на сагата: Просинечки нов селектор на Босна и Херцеговина – бурни реакции во јавноста

355

Сега веќе и официјално, прославениот хрватски фудбалер а сега тренер, Роберт Просинечки е новиот селектор на фудбалската селекција на Босна и Херцеговина.

Оваа сапуница која траеше изминатите неколку месеци, конечно е завршена. На денешната седница на членовите на Извршниот одбор на Фудбалската Федерација на Босна и Херцеговина е донесено одлука за нов селектор да се именува Просинечки.

Така овој хрватски стратег кој во минатото беше селектор на Азербејџан ќе го наследи Мехмед Баждаревиќ, а главна цел ќе му биде да ја однесе БиХ на Европското првенство.

Според неофицијални информации ќе заработува околу 15.000 евра месечна плата,а  во случај да се избори за пласман на ЕП ќе добие награда од 300.000 до 400.000 евра.

Именувањето на Просинечки за селектор на БиХ наиде на доста бурни реакции во јавноста, некои добри, но некои и тоа како лоши и навредливи.