Кралот на земја е приземјен: Доминик Тием направи сензација во Рим

1048

Австрискиот тенисер Доминик Тием, успеа да го исфрли Рафаел Надал на турнирот во Рим откако во четвртфиналето го победи со 2:0 во сетови.

Надал пред овој натпревар имаше неверојатна низа од 17 натпревари со победа и низа од три врзани освоени турнири (Монте Карло, Рим, Мадрид), но денеска и дојде крајот на таа низа.

Во првиот сет видовме три брејка, а Тием направи еден повеќе и на крајот славеше со 6:4. Во вториот сет, Австриецот направи исто така два брејка, но на противникот не му дозволи ниту еден (6:3).

Доминик Тием во полуфиналето од турнирот во Рим ќе игра со подобриот од четвртфиналниот дуел помеѓу Хуан Мануел Дел Потро и Новак Ѓоковиќ.