Кратко траеше рекордот на Кари: Харден е најплатен во историјата на кошарката

1182

Бекот на Хјустон Рокитс, Џејмс Харден од синоќа е најплатен кошаркар на светот откако договори четиригодишна плата за 228 милиони долари.

Тој имаше уште две години од претходниот договор вреден 59 милиони долари, а продолужвањето на уште четири вреди уште 170 милиони. Тој го искористи новиот колективен договор што им овозможува на суперѕвездите да ги продолжат договорите пред да влезат во последната година од актуелниот.

“Хјустон е мој дом. Сопственикот Лекси Александер покажа полна посветеност на тимот, а моите соиграчи и јас ќе продолжиме да работиме на тоа да бидеме се подобри и да се бориме за титулата”, изјави Харден.

Рокитс неодамна го донесоа и Крис Пол, а се најавено е дека наското ќе го донесе и Кармело Ентони. Инаку, досегашниот рекорд за најголема плата го држеше Стеф Кари, но тој траеше едвај една недела откако на 1 јули ѕвездата на Голден Стејт потпиШа петгодишен договор за 201 милион долари.