„Кралот“ тргна по титулата: Кливленд го освои Бостон, а не се ни истроши (ВИДЕО)

489

Екипата на Кливленд Кавалирс ја оствари и деветтата победа во низа во годинашниот плеј-оф откако ноќеска го совлада Бостон со 117-104 во првиот меч од полуфиналето на Истокот.

Селтикс ја имаа предноста на домашниот терен, но веднаш ја загубија и сега ќе мораат да бараат брејк во Охајо. Да биде проблемот за нив поголем, Кливленд убедливо славеше, а не се ни истроши и општ впечетокот дека може уште подобро од она што го покажа синоќа. Натпреварот го реши одличната одбрана во првото полувреме во кое Бостон погоди само 35,6% од поле и 2/16 за тројка, а во тој период Леброн Џејмс веќе има 15 постигнати поени.

До крајот, најдобриот кошаркар во НБА лигата постигна 38 поени, девет скока и седум асистенции. За разлика од другите натпревари, сега имаше обилна помош од Кевин Лав (32 поени и 12 скока) и Тристан Томпсон (20 поени и девет скока). Кај Бостон, Ајзеа Томас оствари дабл-дабл со 17 поени и десет асистенции, но тоа е само лажна слика за неговата игра. Тој го почна мечот со шут од поле 2/10, а првата тројка ја погоди пред крајот на полувремето. На крајот, имаше 7/19 од игра, а поентерски, пред него беа Краудер и Бредли со 21 поен.

Вториот натпревар од серијата се игра ноќта сабота кон недела од 2:30 часот, а домаќин повторно ќе биде Бостон. Сметајќи ги натпреварите од ланското финале, Кливленд е во серија од 12 победи во плеј-офот.

loading...