Кошмарот на Сент Етјен продолжува: Ибрахимовиќ ги тресе каде ќе стигне

1763

Во својата кариера, Златан Ибрахимовиќ играл против 156 различни клубови, но омилен му е Сент Етјен.

Французите имаа несреќа да се сретнат со него и оваа сезона откако претходно четири години мака мачеа со него и имаа невидени кошмари. На 14 натпревари против Сент Етјен, Ибрахимовиќ постигна 17 голови од кои 14 во дресот на ПСЖ и синоќа три како член на Манчестер Јунајтед. За него, тоа беше прв хет-трик за премиерлигашот и продолжување на низата против Сент Етјен.

Во целата несреќа, среќа за францускиот тим е тоа што Јунајтед има добар резултат, па Ибрахимовиќ можеби нема да игра на реваншот идната недела.