Кошмарно превртување: Саинц се коцкаше со животите на гледачите (Видео)

2536

Возачот од Формула 1, Карлос Саинц кој учествува и на релите во Дакар, имаше неверојатна среќа.

Победникот од оваа култна трка во 2010 година и двократен светски шампион во рели, беше во добра позиција, но само неколку километри од целта на една етапа, се преврте и без малку можеше да ги повреди смртно луѓето кои беа во непосредна близина на патеката.

Вистинско чудо е како не настрада нико, а Саинц успеа без повреди да се извлече од автомобилот.

Се обидов да го истуркам автомобилот назад на патот, но немаше услови за тоа. Се решивме за ризик, со цел да го надополниме времето, но овој пат тоа не ни се исплатеше. Се случуваат вакви работи“, истакна Саинц по незгодата.

https://www.youtube.com/watch?v=vvCuKcK_NJ4