Корејското чудо го живее својот сон: Чунг е во полуфинале на Австралија Опен

695

Корејскиот тенисер Хјеон Чунг ќе остане запамтен по победата против Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен, но како тргнал, би можел да направи уште поголема сензација, па дури и да го освои турнирот.

Утринава тој го совлада Американецот, Тенис Сундгрен со 3-0 (6:4, 7:6, 6:3) и обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Томаш Бердих. Мечот многу наликуваше на оној против Ѓоковиќ, Чунг беше мошне сигурен, но поените и сетовите траеја долго.

Со оваа победа, Чунг се искачи од 58. на 29. место на АТП листата. Ако го освои турнирот, освен што ќе испише историја, ќе дојде дури до десеттата позиција.