Конте праќа еден дефанзивец на позајмица

1756

 

Одбранбениот играч на Челси Курт Зума следната година нема да биде дел од тимот. Антонио Конте ќе го прати својот дефанзивец на позајмица во Стоук Сити.

Тој наскоро треба да се ојави на медицинските прегледи во својата нова средина, каде би требало да ја помине престојната сезона.

Зума мака мачеше минатат сезона со повредите и затоа падна во втор план кај италијанскиот стратег, па се чини дека едногодишната позајмица во екипата на Марк Хјуз е најдобра опција за него.

Стоук ќе треба да издвои вкупно 7 милиони фунти за платата и обештетувањето на 22-годишниот фудбалер.