Конте вечерва (не)намерно му ја прекрати неверојатната серија на неговиот играч

1749

Антонио Конте вечерва со извадениот состав против Свонси, ги изненади навивачите а и пошироката фудбалска јавност.

Фудбалерот на „сините“ Цезар Азпиликуета, кој имаше неверојатна серија од 74 натпревари по ред да започне во стартниот состав на еден натпревар, таа долга серија вечерва заврши.

„Сините“ вечерва на „Стемфорд Бриџ“ играат против Свонси, а сигурно дека Азпиликуета е изненаден од оваа одлука да биде ставен на клупа.

Уште по импресивен е податокот што Азпиликуета на тие 74 натпревари кои ги одигра по ред, играше цели 90 минути.

Но се уште не е познато зошто Конте се решил на ваков чекор, и можеби да станува збор за некоја непосакувана повреда.