Комплетирана листата на градови во кои ќе се игра ЕП 2020 година

290

УЕФА денеска го објави конечниот список на градови во кои ќе се игра Европското фудбалско првенство 2020 година, а од првата листа која беше предложена, елиминиран беше Брисел.

Со тоа и дефинитивно е јасно до ЕП ќе се игра во 12, наместо во 13 држави а познато е и целиот распоред за натпреварите.

Натпреварите во групата А ќе се играат во Рим (Италија) и Баку (Азербејџан).

Во групата Б, натпреварите ќе се играат во Санкт Петерсбург (Русија) и Копенхаген (Данска).

Групата Ц, ќе се игра во Амстердам (Холандија) и Букурешт (Романија).

Групата Д, ќе се игра во Лондон (Англија) и Глазгов (Шкотска).

Групата Е, во Билбао (Шпанија) и Даблин (Ирска).

Групата Ф, во Минхен (Германија) и Будимпешта (Унгарија).

Првиот натпревар ќе биде одигран во Рим, осминафиналето во Копенхаген, Букурешт, Амстердан, Даблин, Билбао, Букурешст и Глазгов, четвртфиналето во Минхен, Баку, Санкт Петерсбург и Рим, додека полуфиналето и финалето во Лондон на „Вембли“.

ЕП почнува од 12 јуни и ќе трае се до 12 јули 2020 година.