Кометал Ѓорче Петров втор дел – Вардар со иста судбина

667

Се оствари она од што многумина стравуваа, а тоа е дека сценариот со Кометал Ѓорче Петров ќе се повтори и со Вардар

Управата на „црвено-црните“ веќе и официјално соопшти дека сите интернационалки по крајот на сезоната ќе бидат слободни, а веќе голем дел од нив и си пронајдоа ангажман.

За разлика од Кометал Ѓорче Петров кој траеше 16 година, овој на Вардар беше релативно пократок во однос на споменатиот за 10 години. Самсоненко во клубот од СЦ  „Јане Сандански“ влезе во 2012 година, а тековната 2018 година е на излезни врати иако вети дека клубот ќе опстое со домашни млади ракометарки.

За разлика од Вардар, Кометал усепа да ја освои и Лигата на шампионите, нешто што на „црвено-црните“ се уште не и успеа иако играа на неколку завршници, но сепак имаат уште една шанса, годинав.

Има разлика и во однос на Кометал и Вардар, тогаш имавме силна женска репрезентација која играше на ЕП и СП, излегоа и низа домашни ракометарки, нешто што актуелниот наш првак не ни го понуди.