Командантот Раул ги пофали ракометарите: Одлични бевме

1278

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гоналез, по вчерашната убедлива победа против Чешка и обезбеденото учество на ЕП во Хрватска како првопласирана репрезентација во нашата група, вели дека неговите избраници одиграле одличен меч.

„Сите знаеја што треба да направат и немам никакви забелешки. Одиме на ЕП каде што се селекции од типот на Шпанија Германија Данска… Има многу до Хрватска ќе размислуваме за ЕП кога ќе дојде време, изјави селекторот Гонзалес откако Македонија се избори за 10-то учество на големо натпреварување или седмото по ред.

„Зад себе ја оставам најдобрата сезона во кариерата. Понатаму ќе видиме што ќе биде. Во секој случај се надеваме на нови успеси“, заклучи шпанскиот стратег на кормилото на нашата ракометна репрезентација.