Командантот го призна поразот: Постојано ја стигавме негативата, Барселона заслужено победи

644

Вардар вчера капитулираше на гостувањето во „Палау Блауграна“ каде загуби од домаќинот Барселона со 29:28.

На крајот на Вардар малку му недостасуваше за реми, но сепак на крајот констатацијата е дека домаќините заслужено ги освоија бодовите.

Тоа го потенцираше и тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Искрено, немавме решение, Барселона заслужено победи. Не одигравме баш најдобро против Барселона, постојано стигавме некоја негатива на натпреварот, па тие со право си ја заслужија победата“, беше краток и јасен Гонзалес.

И покрај овој пораз, Вардар останува прв на табелата, но сепак, голема беше еуфоријата во Каталонија поради победата на европскиот шампион.