Кожув и Струмица добија млади таленти како позајмени играчи од МЗТ Скопје

881

МЗТ Скопје потврди дека нивните млади и талентирани играчи Михајло Митев и Ранко Мамузовиќ, отпочнатата сезона ќе ја завршат во редовите на КК Струмица и КК Кожув, каде ќе настапуваат како позајмени играчи.

Причината за ваквиот потег на „штрковите“ е овие млади играчи да заминат и да собираат поголемо искуство и минутажа на терен, а тоа сигурно ќе им биде овозможено во овие две екипи.

Митев и Мамузовиќ по завршувањето на сезоната, ќе се вратат во клубот од Аеродром, каде ќе ги одработуваат своите договори.