Кога Казинс ќе полуди, нема играч кој може да му застане на патот (Видео)

869

Центарот на Сакраменто Кингс, Де Маркус Казинс, ноќеска во натпреварот против Голден Стејт Вориорс, направи техничка грешка.

Откако судиите досудија трет фаул на четири минути пред крајот на првиот дел, Казинс целосно полуде пред очите на навивачите кои беа во непосредна близина.

Центарот на Сакраменто Кингс не можеше да го сокрие својот бес и фрустрации од одлуката на судиите, а потоа се истури на столчето.

Новинарите го прашаа дали столицата беше скршена, но тој кратко им одогвори.

Се надевам дека ја скршив!“.

Ова беше десетта техничка грешка сезонава, а вкупно во кариерата ги има 84. Казинс натпреварот го заврши со 17 поени и 10 скокови за 29 минути.