Клубовите се договорија: Перишиќ оди на Олд Трафорд, Интер ќе го добие напаѓачот на Јунајтед

14352

Иван Перишиќ на почетокот на новата недела ќе пристигне на медицински прегледи во Манчестер и потоа ќе приклучи на составот на Јунајтед, тврдат англиските медиуми.

Според нив, двата клуба нашле решение за проблемот што ги мачи долго време. Интер и Јунајтед не можеа да се погодат околу отштетата, Англичаните даваа 45 милиони евра, а “нераѕурите” бараа десет милиони повеќе. Новиот тренер на Интер, Лучано Спалети се обиде да го убеди Перишиќ да остане, но не успеа.

По долги преговори, најдено е решението. Перишиќ ќе се пресели во Јунајтед, а на негово место “ѓаволите” во Интер ќе го испратат Антони Марсијал кој ионака не е во плановите на Мурињо. Неговата вредност се проценува на околу 50 милиони евра, но двата клуба ќе ги разменат фудбалерите без притоа да плаќаат отштета еден на друг.

Можна е и друга соработка, ама надвор од оваа размена. Интер би можел да го донесе и Матео Дармијан, но за него ќе плати.