Клоп откри што се случувало по мечот во соблекувалните на Севилја

3809

Германецот беше фуриозен што од ремито на својот клуб против Севилја, што од тоа што го обвинија од клупата на гостите, дека и тој влијаел на одлуката на главниот судија, за гостинскиот тренер да биде исклучен од мечот.

Ливерпул не успеа да победи, имаше шанси за тоа, но дозволи гостинската екипа да изедначи, и да загубат два бода на почетокот од ЛШ.

По натпреварот, Клоп објасни што точно се случувало откако се поздравуваше со асистентите на исклучениот Беризо. Клоп откри дека потоа бил поканет во соблекувалните на Севилја да продискутираат за тој момент.

Се е ок, мислам дека тие се сами виновни за црвениот картон. Сметам дека јас немав ниту еден процент влијание на судијата што го исклучи Беризо. Ме бев среќен со тоа што гостинскиот тренер ја турна топката. Подоцна ме покани во соблекувалните на Ливерпул да зборуваме за тоа. Ние во тие моменти бевме офанзивно настроени на терен, а Беризо ни ја поттурна топката настрана“, истакна Клоп.

А од друга страна, Беризо потврди дека не бил коректен, и дека можеби заслужил исклучување.

Во првиот дел кога водевме, Ливерпул играше на контри, јас ја турнав топката, за да потрошам време“.