Клоп испрати понуда до Јувентус, од Торино одговорија со „контра-понуда“

1941

Младите италијански фудбалери се секогаш во мода, „Црвените“ се обидуваат да го привлечат бисерот на Јувентус, а од Италија пристигна повратна понуда.

За Франческо Касата се зборуваат бајки, голем број на скаути на турнирите на помладите категории, особено во Вијареџо, го забележаа одличниот играч за врска кого Јувентус му го позајми на Асколи. Има 19 години, а Клоп е воодушевен од она што го видел, па Ливерпул се распрашувал со цел да го купи од Јувентус.

Касата игра стандардно во Серија Б, во Јувентус дури сметаат дека можеби погрешиле што го испратиле на позајмица бидејќи поради големиот број повреди, играчот за врска дефинитивно би добил шанса во продолжението од сезоната.

Не размислуваат за тоа да го продадат, но од друга страна можеби би го трампале.

Имено, Алегри го идентификувал Емре Џан како можно засилување, фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во тимот. Тој наводно на лето би можел да биде замената за Сами Кедира кој има богати понуди од Кина и САД.

Јувентус би го вклучил Касата во трампата и би доплатил дел пари на Ливерпул, меѓутоа, тешко е да се верува дека „Црвените“ би прифатиле нешто такво…