Клоп доби доказ дека не може да игра со актуелната филозофија во Премиер лигата

2241

Познато е каков фудбал форсира Јирген Клоп. Неговите тимови секогаш играат убаво и атрактивно, но…

Премиер лигата сигурно не се освојува на таков начин во денешниот фудбал. Фудбалот кој го форсира Клоп е убав за око, напаѓачки, но далеку од тоа дека нема мани.

Покрај напаѓачката ориентација, одбраната често умее да попушти, што е случај и со неговиот Ливерпул. Токму одбраната е основа за освојување на Премиер лигата во последните неколку години па ретко кој веруваше дека еден ваков Ливерпул може да дојде до првото место.

Денешниот натпревар против Вотфорд е можеби добра потврда за ова тврдење, натпреварот кој заврши со 3:3 беше феноменален за гледање, но не му донесе 3 бода на Ливерпул.

Следниот податок можеби уште подобро говори за шансите на Ливерпул да ја освои титулата.

Имено, Ливерпул примил најмногу голови во Премиер лигата кога се гледаат фаворитите за освојување на ова натпреварување (Арсенал, Јунајтед, Сити, Челзи, Тотенхем) од доаѓањето на Јирген Клоп. Верувале или не, тие се убедливо први по бројот на примени голови меѓу овие 6 екипи, примиле 85, а по нив следува Арсенал со 76, Сити со 73, Челзи примил 69, Манчестер Јунајтед 56, а Тотенхем 54.