Клоп: Го подготвувам мојот наследник во Ливерпул кога ќе заминам јас

2169

Германскиот стратег Јирген Клоп, истакна дека еден ден на неговата тренерска позиција, посакува да биде наследен од легендата на овој клуб, Стивен Џерард.

Џерард по играчката кариера, во која го носеше дресот на Ливерпул, а и на ЛА Галакси на кратко, одлучи да почне тренерска кариера и тоа во академијата на „црвените“, каде сега тренира со младите генерации.

Одлично е што можам да го вклучам Стивен во сето тоа. Тој е фантастичен човек, и еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле. Му реков дека кога ќе заминам, или ако ме отпуштат, би сакал тој да биде мојот наследник“.

Ќе сторам се за да му помогнам да научи што повеќе за оваа работа. На овој клуб во иднина им се потребни легенди токму како Џерард. Тој многу му даде на Ливерпул, и сега е време клубот да му даде најдобра едукација. Се надевам дека до крајот на животот ќе биде тренер“, истакна Клоп.

Џерард од 1998 година до 2015 ги бранеше боите на Ливерпул, одигра 710 натпревари и постигна 191 гол, а освои 10 трофеи, меѓу кои и ЛШ против Милан. 2005 година.