Клоп веќе знае со кој ќе игра Ливерпул во осминафиналето: Секогаш играм против нив

2339

Ливерпул со 7:0 го победи Спартак Москва на „Енфилд Роуд“, ждрепката за осминафиналето ќе ја дочека како победник во групата, а со 23 постигнати гола во шест натпревари стана и најефикасниот англиски претставник во историјата на групите од Лигата на шампионите.

Јирген Клоп по натпреварот не можеше да најде ниту една негативна работа кај својата екипа.

„Никој не можеше ни да замисли дека вечерва вака ќе заврши. За двете екипи ова беше натпревар на се или ништо. Спартак е навистина многу добра екипа, знам дека сега никој не мисли така, но тешко е да се игра против нив“, изјави Клоп за „БТ Спорт“ и додаде:

„Совршено го отворивме натпреварот и откако поведовме не моравме да се браниме. Ова беше навистина убава вечер на „Енфилд“. Секогаш е добро да се постигнат еден или два рани погодоци. На полувремето им реков на играчите дека мораме да им покажеме на сите дека сме научиле од своите грешки и дека мораме да продолжиме понатаму. Немам за што да се пожалам вечерва, се беше одлично. Малку го променивме составот, а дечките беа одлични. Одбраната беше на место, тоа особено ми се допадна“, изјави Клоп кој веќе знае со кој ќе се падне Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Не сум загрижен кој противник ќе го добиеме. Мене ждрепката инаку секогаш ме спојува со Реал Мадрид, ќе видиме дали ќе биде и сега така. Веројатно ќе играме против нив. Немаме некои фаворити, ќе биде убаво по подолго време да играме во осминафиналето од ЛШ“, заврши тренерот на Ливерпул.