Кличко нокаутиран, Џошуа е нов светски шампион (ВИДЕО)

3825

Британскиот боксер Ентони Џошуа е нов светски шампион во тешка категорија во верзиите ИБФ, ИБО и ВБА откако синоќа го нокаутира Владимир Кличко со технички нокаут во 11. рунда.

Пред 90 илјади гледачи на Вембли, одлучи еден добар напад на 27-годишниот Џошуа откако претходно двајцата боксери по еднаш беа во нокдаун. Се дотогаш, сите сметаа дека судиите ќе решаваат за победникот бидејќи мечот беше релативно здодевен и без многу напади на двете страни.

За Џошуа, ова беше 19. победа во кариерата и сите со нокаут, додека Кличко го доживеа петтиот пораз во веројатно последниот дуел во кариерата.