Кинезите се сериозни, Милан се залета: На повидок и нов десен бек на „Сан Сиро“

1948

Милан работи со полна пареа, новата управа се залета во потрагата за засилувања.

Три потписи се обезбедени според информациите од Апенините и информациите на италијанските медиуми. Милан ги договори аргентинскиот стопер Матео Мусакио од Виљареал, играчот за врска Франк Кеси од Аталанта и левиот бек Рикардо Родригез од Волфсбург.

Но, тоа не е се… „Росонерите“ бараат и десен бек.

И не само тоа. Милан води во трката за потписот на Андреа Конти кој во овој момент е еден од најбараните играчи на својата позиција во Европа. Момчето експлодираше во Аталанта оваа сезона. Аталанта веќе продаде дел од своите „бисери“ од плејадата млади играчи кои ги лансираше оваа сезона. Гаљардини е во Интер, Јуве го обезбеди Калдара, Кеси ќе оди во Милан и останува уште да го продадат и Конти.

Одличниот десен бек оваа сезона постигна дури осум гола, а Милан не е единствениот заинтересиран. Го сакаат и Баерн, Атлетико, Челзи и Интер. Но, Милан во моментов е најблиску до неговото доведување. Следуваат тешки преговори со Аталанта. Со продажбата на претходно наведените играчи Аталанта ја наполни касата и сега има маневри да ги диктира условите во преговорите за Конти.

Клубот од Бергамо бара 20 милиони евра за обештетување, „Росонерите“ нудат 17.000.000 евра. Претходната понуда на Атлетико од 13.000.000 евра е одбиена… На Апенините владее оптимизам дека Аталанта и Милан ќе постигнат договор. Двата клуба се во добри односи, веќе соработуваа околу Бонавентура и брзо се договорија за Кеси.

Конти би бил решение за десната бековска позиција на која Милан имаше проблеми во текот на сезоната. Абате и Калабрија се менуваа, но двајцата има многу проблеми со повредите. Можно е Абате да го напушти клубот и негова замена да биде Конти кому Калабрија би му бил алтернатива и би ја делеле минутажата. Тоа би значело дека „Росонерите“ со целосно нова одбрана влегуваат во следната сезона бидејќи од последната линија оваа сезона, во стартните 11 би преживеал само стоперот Ромањоли.

loading...