Кими Раиконен е „жртва“ на старата финта на Ферари од времето на Шумахер

2751

Вчерашната трка во Монако повторно ги отвори дилемите дали Ферари повторно се враќа на вечната дилема за двојни аршини и наредби на трките.

Сомнително е како тоа Кими Раиконен по добриот старт на почетокот од трката, беше лагоден напред и направи солидна разлика во однос на Фетел во првите десетина круга, а тоа подоцна почна да се топи, и за преку боксовите, Фетел и Кими ги променат местата на врвот.

Себастијан Фетел со неколку извозени најбрзи кругови пред да влезе во бокс, успеа некако да ја стори разликата во однос на Финецот, и со првото влегување во боксот да избие на првата позиција, која ја задржа до крајот на трката.

Стручнаците од Ф1, сметаат дека ова е јасна индикација дека во Ферари повторно работи на старата стратегија за фаворизирање на еден возач, а тој во овој случај е подобро рангираниот, Себастијан Фетел.

Кими Раиконен очигледно не беше задоволен со 2. позиција на крајот, а по трката го изјави следното;

Немам навистина што да кажам. Втората позиција не е претерано добра, но и тоа се случува некогаш во овој спорт. Сега одиме на следната трка и се надевам дека ќе бидеме подобри. Морав да им верувам на Ферари за нашата стратегија“, беше краток и јасен.

Но многумина сметаат дека ова е повторно она старото, од времето на Шумахер и Баричело, кога јасно беше фаворизиран Германецот пред вториот возач.