Кербер е минато, ВТА ќе добие нова „кралица“

703

По испаѓањето на Ангелик Кербер во осминафиналето од Вимблдон, јасно беше дека од понеделник ќе има нов лидер на ВТА листата, но не се знаеше кој ќе ја има таа чест.

Во конкуренција беа Каролина Плишкова и Симона Халеп, но по денешниот пораз од Џоана Конта, Романката ги загуби сите шанси. Тоа автоматски значи дека Плишкова првпат во својата кариера ќе биде лидер на ВТА листата како 23. тенисерка во историјата на која и успеало тоа.

Интересно е тоа што Плишкова ќе биде прва иако загуби во второто коло од Вимблдон. Всушност, таа профитираше од фактот што Халеп загуби 250, а Кербер дури 1060 бода бидејќи лани имаа многу подобар пласман на британскиот Гренд слем. Прогрес може да оствари и Џоана Конта, но најмногу до третата позиција и тоа ако ја освои титулата на Вимблдон.