Кенијците доминираат во маратонски трки, Македонци на подиумот во полумаратонската трка

1262

Кениецот Кипротич Кируи втора година по ред оствари победа на скопскиот маратон. На овој маратонец дефинитивно му лежи Скопје како тркачка дестинација, тој маратонот го мина за два часа и 13 минути.

Очекувана беше доминацијата на тркачката нација Кенија, затоа што веднаш ад Кируи, вторпласиран заврши Кипрути, кој на целта дојде за нешто повеќе од 3 минути задоцнување.

Што се однесува до македонските претставници на скопскиот маратон, атлетичарот Дарио Ивановски е победник на трката полумаратон, а победата во Белград претходно беше само најава за добар резултат и во Скопје.

Во полумаратонската трка на втората позиција беше повторно Македонец, станува збор за Атанас Анчевски, кој доцнеше скоро 3 минути зад Ивановски.