Карпош Соколи со низок лет во Црна Гора: Теодо убедливо победи

642

Карпош Соколи вечерва беше убедливо поразен на гостувањето во Црна Гора, каде загубија од домаќинот Теодо со резултат 98:81.

Веројатно одличните игри на момците од Карпош Соколи, влијаеа на натпреварот од БИБЛ лигата, каде вечерва немаа игра за да остварат позитивен резултат.

Иако почнаа добро, на крајот екипата од Скопје се враќа со заслужен пораз. По првите 10 минути, Карпош Соколи беше екипата која водеше (15-22), но во продолжение од мечот, домаќините заиграа поквалитетно и колективно, па го победија противникот.

Најдобар во редовите на Карпош Соколи беше Филип Шепа, кој постигна 22 кошеви.