Карпош Соколи „острижени“ до темел: Нижни Новгорoд експресно мина низ Скопје (67:101)

266

Ни одблиску КК Карпош Соколи не беше рамноправен противник на вечерашниот меч од групата Х во ФИБА Еврокупот, против екипата на Нижни Новгород.

Карпош Соколи беше поразен убедливо на домашен терен со резултат 67:101. Гостите во целост ја оправдаа улогата фаворит на оваа средба, и заминуваат со победа.

Македонскиот претставник во ФИБА Еврокупот имаше некоја своја резултатска негатива и егал ситуација во однос на противникот првата четвртина, но како одминуваше времето, гостите ја таложеа својата предност.

Карпош Соколи едноставно не успеа да наметне свое темпо, гостите го убиваа македонскиот претставник со тројките, вкупни 20 кои ги постигнаа на оваа средба.

По двата порази во ФИБА купот, сега Карпош Соколи гостува на екипата на Фалкон Вулкано од Унгарија.