Карпош го доби МЗТ (2:2) – ќе одлучува „мајсторката“

444

Карпош Соколи со вечерашната победа против МЗТ Скопје во „СЦ Јане Сандански“ (86:78), успеа да издејствува нова решавачка средба, или мајсторка, околу тоа кој ќе биде нов шампион во кошаркарска Македонија.

Натпреварот во првата четвртина беше прилично изедначен, а на полувремето Карпош Соколи имаше огромна предност +17 (56:39).

МЗТ Скопје се обиде да стори нешто повеќе во вториот дел, неколку пати МЗТ Скопје доаѓаше до мала негатива во однос на противникот, но искусниот состав на Карпош Соколи успеа да се соземе и да не дозволи комплетно враќање на се уште актуелниот шампион МЗТ.

На крајот победа со 86:79, за решавачки петти натпревар (2:2). Пери беше најдобар кај Карпош Соколи со 24 поени, додека кај МЗТ најдобар беше Синовец и Мијатовиќ со по 17.

loading...